logo
logo
logo

ОСУМ ЛИЦА ЗАГИНАА при пад на бомбардер Б-52 на армијата на САД во Калифорнија

Vecer | 16.06.2026

ОСУМ ЛИЦА ЗАГИНАА при пад на бомбардер Б-52 на армијата на САД во Калифорнија

Осум лица, меѓу кои и двајца вработени во компанијата „Боинг“, загинаа, откако бомбардер од типот Б-52 на американските воздухопловни сили вчера попладне се урна веднаш по полетувањето од воздухопловната база „Едвардс“ во јужна Калифорнија, пренесоа светските медиуми.

Стратешки бомбардер „Боинг Б-52 Стратофортрес“ на армијата на Соединетите Американски Држави (Илустративна фотографија) / Фото: EPA/US AIR FORCE – HO EDITORIAL USE ONLY

Инциднетот се случил околу 11:20 часот по локално, односно 20:20 часот според средноевропско време, за време на рутинска тест мисија, пренесе Би-би-си. На видеата од местото на несреќата може да се види голем облак од црн чад како се издига во воздухот, кој според медиумските извештаи, бил видлив од неколку километри.

„Денеска (15.06.2026 г.), воздухопловната база ‘Едвардс“ доживеа ужасна трагедија во која загубивме осум одлични Американци“,

изјави полковникот во војската на САД, Џејмс Хејс.

Според него, екипажот на воениот авион го сочинувале припадници на војската, владини цивили и владини изведувачи.

Претходно од базата соопштија дека првичните индикации покажуваат дека никој од членовите на екипажот не ја преживеал несреќата.

Како што изјави полковникот Хејс на брифинг за новинарите, најблиските на загинатите се известени за трагедијата и дека нивните имиња ќе бидат соопштени во наредните 24 часа.

Поради несреќата, сите операциите во воздухопловната база „Едвардс“, рече полковникот Хејс, се привремено прекинати.

Како што соопшти тој, инцидентот се случил додека се тестирала програма за модернизација на радарскиот систем на базата, мисија во која бил вклучен авионот, кој се урнал веднаш по полетувањето.

Засега сè уште не се утврдени причините за инцидентот, а според медиумските извештаи за тоа ќе биде потребно да се спроведат низа истраги, кои би можеле да траат и до 30 дена. Понатамошните анализи во рамките истрагата, според полковникот Хејс, би можеле да траат и повеќе од шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk