Иран изврши напади со беспилотни летала врз воени бродови на САД во Оманскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Ескалацијата доаѓа како директен одговор на претходната операција на американската морнарица, која заплени контејнерски брод под иранско знаме во истите води. Засега нема извештаи за претрпена штета од нападите со дронови.
Претходно, централниот штаб „Катам ал-Анбија“, највисоката оперативна команда на Иран одговорна за координација на вооружените сили, ја карактеризираше американската акција како грубо прекршување на договорот за прекин на огнот. Од таму порачаа дека земјата ќе возврати на, како што го нарекоа, „актот на вооружена пиратерија“ извршен од страна на морнарицата на САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата