ТОПЛОТЕН БРАН во Велика Британија усмрти 17 луѓе

Vecer | 01.06.2026

ТОПЛОТЕН БРАН во Велика Британија усмрти 17 луѓе
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Силниот топлотен бран што ја зафати Велика Британија во последните денови од мај предизвика смрт на 17 лица.

Осум дена по ред земјата се соочуваше со екстремно високи температури, кои ги натераа граѓаните масовно да бараат спас од жештините на морските брегови. Трагичните смртни случаи се регистрирани во неколку региони, вклучувајќи ги Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир.

Овој бран донесе и историски рекорди. На 26 мај Англија и Велс го забележаа својот најтопол мајски ден во историјата. Во Кју Гарденс живата во термометарот се искачи до речиси неверојатни 35,1°C, додека во Бјут Парк во Кардиф беа измерени 32,9°C. Времето почна да попушта веќе вчера, кога во Буши Парк во Ричмонд беа измерени максимални 24,7°C.

Според најавите на метеоролозите, од денеска се очекува значителен пад на температурите, придружен со силно невреме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk