logo
logo
logo

Силна експлозија во Рим

Vecer | 22.03.2026

Силна експлозија во Рим

Најмалку две лица се тешко повредени во експлозија на плинска боца, при што една помала зграда се урнала, а две се оштетени.

Како што наведува „Месаџеро“, најмалку 70 лица се евакуирани. На местото на настанот има бројни противпожарни екипи, полиција и служби за итна помош. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините за да утврдат дали има затрупани лица.

Најверојатна причина за експлозијата е неисправна плинска боца, но истрагата ќе ги утврди сите околности на несреќата.

Очевидци изјавиле дека силната експлозија ја потресла целата населба Пиана дел Соле. Од силата на експлозијата испукале прозорци и на уште две згради, пренесува „Рома Тудеј“.

Меѓу првите кои објавиле снимки од трагедијата бил Марко Палма, советник од партијата „Браќа на Италија“ во 11. округ, кој исто така снимил видео со сведоштва од луѓе кои присуствувале на експлозијата и уривањето.

Делови од ѕидовите летале и до 200 метри, што ја покажува силата на експлозијата. „Прозорците на мојата куќа испукаа“, изјавил еден жител кој живее во улица во близина на местото на несреќата.

„Бевме дома и во еден момент слушнавме силен тресок, а парче дрво влета во нашата кујна“, вели Кристијан, жител на улицата Виа Демонте, оддалечена околу 50 метри од местото на експлозијата. „Ударот дури ги искриви прозорците на нашата куќа.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk