logo
logo
logo

Трамп: ГЛАСАЊЕТО ВО САД Е КОРУМПИРАНО!

Vecer | 05.10.2026

Трамп: ГЛАСАЊЕТО ВО САД Е КОРУМПИРАНО!

Претседаделот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати остри и директни обвинувања на сметка на американскиот изборен систем, отворено тврдејќи дека тој е длабоко корумпиран и споредувајќи ја неефикасноста во САД со ултрабрзото броење гласови во Бразил.

Во својата објава на социјалната мрежа „Truth“, Трамп ја истакна фасциantната разлика во ефикасноста, потенцирајќи дека во првиот круг од претседателските избори во Бразил гласале дури 125 милиони луѓе, а резултатите биле објавени веднаш по затворањето на гласачките места, истиот ден.

– Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и бројни други американски градови и сојузни држави, за утврђивање на резултатите, уз знатно мањи број гласови, често се потребни недели како би се тие „наместиле“, то јест израчунали. Гласањето во Америка е корумпирано, порача американскиот претседател.

Инаку, изборите во Бразил донесоа неизвесна завршница откако десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро и актуелниот левичарски лидер Луис Инасио Лула да Силва се пласираа во вториот круг, кој е закажан за 25 октомври. Дека ќе има втор круг потврди Вишиот изборен суд (ТСЕ) кога биле обработени 96,78 отсто од гласачките кутии, при што Болсонаро освоил 47,39 отсто, а Лула 44,74 отсто од гласовите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk