logo
logo
logo

ЌЕ НАСТРАДАМЕ ПРВИ АКО УКРАИНА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, рече Марин ле Пен

Vecer | 08.10.2026

ЌЕ НАСТРАДАМЕ ПРВИ АКО УКРАИНА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, рече Марин ле Пен

Според неа, Франција прва би ги почувствувала негативните последици од таквото проширување.

Ле Пен на социјалната мрежа „Икс“ (X) објасни дека за тоа постојат две клучни причини. „Не само што би се соочиле со жестока и нефер конкуренција, туку и делот од буџетот на Заедничката земјоделска политика наменет за француското земјоделство значително би се намалил“, наведе таа.

Изјавата доаѓа кратко откако комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, на 6 октомври претстави нацрт за нови пристапи кон проширувањето. Таа тогаш изјави дека за Украина би можеле да се применат земјоделски одредби што се разликуваат од оние што важат за другите земји-кандидати.

Украинската влада одговори дека не може да прифати модел за членство во ЕУ што вклучува трајни ограничувања за продажба на одредени прехранбени производи во рамките на блокот.

Заменик-премиерот за европски и евроатлантски интеграции, Всеволод Ченцов, изјави дека Украина како појдовна точка ја гледа целосната интеграција на својот земјоделски сектор во единствениот пазар на ЕУ. Преодните механизми, според него, мора да бидат оправдани, пропорционални и временски ограничени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk