logo
logo
logo

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ОРМУЗ - Гори енергетската артерија на светот

Vecer | 09.09.2026

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ОРМУЗ - Гори енергетската артерија на светот

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти денеска дека неговите сили гаѓале два американски брода и осум нафтени танкери во Ормускиот Теснец.

Во соопштението што го пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, ИРГЦ наведува дека неговата морнарица ги нападнала бродовите „како одговор на агресијата и злобата на американската терористичка војска“, откако Соединетите Американски Држави нападнаа пет ирански танкери, пренесува Ал Џазира.

Силите на ИРГЦ нападнаа уште десет брода, кои ги обвинија за обид за преминување низ „забранетата и небезбедна зона“ на теснецот, што било „поттикнато и поддржано“ од страна на САД, се наведува во соопштението.

ИРГЦ наведува дека Ормускиот Теснец останува под нивен „силен и авторитативен надзор и управување“.

Соединетите Американски Држави уништија пет ирански нафтени танкери како одговор на тоа што Исламската Република во изминатите денови двапати гаѓаше воен брод на американската морнарица со балистички ракети, соопшти денеска Американската централна команда (CENTCOM).

CENTCOM наведе во објава на платформата Икс дека се уништени пет нафтени танкери од таканаречената иранска „флота во сенка“.

Се истакнува дека таргетираниот брод на американската морнарица „успешно ги избегнал обидите за ирански напади и го продолжил патролирањето во регионалните води“.

„Ниту еден припадник на американскиот персонал не е повреден“, наведува CENTCOM.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk