Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека САД ја преземаат контролата врз Ормуска Теснина и ќе наплаќаат за заштита на мореузот.
„Ќе станеме чувари на теснецот. Можеби тоа ќе го наречеме ангел чувар на Ормуска Теснина. И треба да ни биде платено за тоа“, истакна Трамп.
Според него, САД ќе добие многу пари.
„Ќе ни биде надоместено бидејќи другите земји се многу богати. Тие се на наша страна и не може да се очекува од нас тоа да го правиме бесплатно“, посочи Трамп.
Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп истакна дека Ормускиот теснец ќе остане отворен „со или без Иран“ и најави повторно воведување на, како што ја нарече, „иранската блокада“.
„Од правичност, ќе ни бидат надоместени сите трошоци за обезбедување безбедност во овој многу нестабилен дел од светот, со стапка од 20 проценти на целиот товар што се превезува“, напиша Трамп.
Доколку оваа “такса“ се плаќа цената на нафта и гас превезени со танкери од тој дел на Блискиот исток автоматски би псокапела за 20% - засекогаш!

Според него, мерката ќе се однесува само на иранските бродови и на пловилата што соработуваат со Иран, додека останатите држави ќе можат непречено да го користат теснецот.
Иран денеска предупреди дека нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со Ормутскиот теснец.
„Техеран под никакви околности нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина“, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари.
Тој потенцираше дека секоја соработка помеѓу земјите од Персиски Залив и САД за Ормуска Теснина, Техеран ќе го смета за „чин на војна“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата