Експанзија на вести за “големи успеси ан украинската војна“ последниве два месеци сепак се покажаа како маркетинг на Зеленски да прикаже резултати за да обезбеди одлуки од ЕУ за кредит од 90 милијарди евра кој никогаш нема да биде вратен и воена помош од НАТО во вредност од 75 милијарди евра, а зад тој маркетинг стојат порази на терен во Донбас и Запорожје како и - бунт во јавносота и воениот врв во кој се случија темелни смени.
Зеленски се соочува со губење отпрвин на реалната а потоа и на формалната власт во државата по ситуацијата во која сега се наоѓа и која нема поволно решение за него.
Зеленски го смени шефот на украинската војска Олександр Сирски по шест дена протести, кои почнаа по разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Дополнително беше потврдено дека Федоров бил сменет поради конфликтот со Сирски, кого многумина го обвинуваа за командување во советски стил и дека не бил спремен да спроведе радикални промени во војската.

На протестите се бара враќање на Федоров на позицијата министер за одбрана по што Зеленски беше приморан да го направи тоа но, Федоров во контакт со него одби враќање на министерската позиција и остана надвор од власта што му дава политички простор да делува против Зеленски за ненвоа смена и со капиталот и довербата стекнат во јавонста да биде кандидат за иден претседател на Украина, доколку преживее до тој ден, бидејќи Зеленски ги котролира радикланите единици на украинската војска кои ја штитат неговата функција.

Конфликтот има и реална причина - губење на територии и насилна регрутација без резултати.
„Армијата што водеше тешка одбранбена кампања пред две години сега е во офанзива. На мојот наследник му предавам армија која не само што ја држи линијата, туку напредува. Искрено се надевам дека оваа офанзива ќе продолжи“, рече Сирски.
На негово место доаѓа 43-годишниот Михајло Драпатји, досегашниот заповедник на здружените сили, кој е дел од новата генерација украински офицери, чии кариери беа обликувани во борба со руските сили.
Во видеообјава на социјалните мрежи, Зеленски му се заблагодари на Сирски за неговите воени кампањи, вклучително и неговата улога во успешната одбрана на Киев во првите недели од целосната руска инвазија во 2022.
Зеленски откри дека претходно се сретнал со Федоров и му понудил „достојна позиција во власта“, но не кажа дали понудата е прифатена. Федоров минатата недела беше заменет од Евгениј Хмара, поранешен висок функционер во Службата за безбедност на Украина.
Хмара останува на позицијата. Зеленски побара од него и од Драпатји да смислат нова одбранбена стратегија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата