Холанѓанец со своето Porsche 911 бил запрен од германската полиција откако на автопатот А3 возел со брзина од дури 235 километри на час и со опасно однесување во сообраќајот ги загрозувал другите учесници. 23-годишниот возач, според полицијата во Кобленц, возел преблиску до останатите возила, претекнувал од десната страна и агресивно се пробивал низ колоните.
Првично успеал да ѝ избега на цивилната полициска патрола, но подоцна бил запрен од полицијата.
При контролата, тестот за дрога покажал дека возачот користел канабис. Тој им објаснил на полицајците дека заедно со својот татко води кафе-шоп во Ајндховен, Холандија, каде продажбата на канабис е дозволена под одредени услови, и дека редовно консумира канабис „од професионални причини“.
Бидејќи живее во странство и не дал информации за своите приходи, полицијата му наложила веднаш да уплати гаранција од 10.000 евра, што тој ја платил на лице место.
Полицијата му ја одзела и возачката дозвола.
Според полицијата, возачот во ниту еден момент не покажал разбирање за сериозноста на своето однесување.
По завршувањето на полициската постапка, го презел неговиот татко.
Против него е покрената истрага поради сомнение за недозволена автомобилска трка и загрозување на безбедноста во сообраќајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата