Според бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица „беше изложен на ракетен напад“ утрово.
Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.
Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на платформата X дека сирените се активирани и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште.
Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите „насочени кон локации и објекти во границите на Кралството“ биле извршени надвор од нејзината територија.
Погледнете ги снимките од нападот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата