Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на најмалку 132 и постојано расте. Најмалку 500 луѓе се повредени, а спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините.
Властите стравуваат дека конечниот биланс ќе биде поголем, бидејќи сè уште има луѓе по кои се трага. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел на земјата во понеделникот наутро.

Епицентарот бил во близина на Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на пацифичкиот брег, а жариштето било на длабочина од околу 107 километри. Силното тресење било почувствувано низ голем дел од Колумбија. Размерите на трагедијата стануваа појасни од час во час.

Првите извештаи зборуваа за дваесетина загинати, потоа бројката се искачи на 47, па на повеќе од 70, за доцна синоќа да достигне најмалку 111.
Најтешка е состојбата во западните делови на Колумбија, каде што земјотресот урнал и тешко оштетил голем број објекти. Спасувачите работат на повеќе локации и се обидуваат да стигнат до луѓето кои останале затрупани.
Дополнителен проблем претставува тешко пристапниот терен во делови од Чоко, еден од посиромашните региони на земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата