logo
logo
logo

ХАОС ВО ИТАЛИЈА - Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Vecer | 23.06.2026

ХАОС ВО ИТАЛИЈА - Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што ја мачи земјата дополнително ќе се засили.

Нивото на аларм во моментов е на максимум во 15 градови, пренесува Анса. Во црвена фаза на аларм денеска се Анкона, Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Фрозиноне, Милано, Перуџа, Пескара, Риети, Рим, Торино, Верона, Венеција и Витербо. Латина ќе биде во црвено во среда, а Бари ќе им се придружи на градовите со максимален степен на аларм во четврток, со што вкупниот број ќе се зголеми на 17.

Системот за алармирање на Министерството за здравство има три нивоа покрај нултото, зеленото, кое означува дека нема аларм, потсетува Анса и додава дека првото ниво, жолтото, е таканаречен пред-аларм, додека второто ниво, портокаловото, значи дека температурите и временските услови можат да претставуваат здравствени ризици, особено за ранливите групи како што се постарите лица и болните.

Третото ниво, црвеното, значи дека горештините претставуваат ризик по здравјето на целата популација, а не само на ранливите групи. Високите температури парализираа добар дел од Западна Европа, во Франција починаа околу 20 лица, а на удар се Италија, Велика Британија, Шпанија, Германија...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk