logo
logo
logo

Дунав за малку ќе ја изгаснеше нуклеарката

ЗА НЕКОЛКУ МИЛИМЕТРИ ИЗБЕГНАТА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА - Унгарија за влакно ја спаси нуклеарката Пакс

Vecer | 04.08.2026

ЗА НЕКОЛКУ МИЛИМЕТРИ ИЗБЕГНАТА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА - Унгарија за влакно ја спаси нуклеарката Пакс

За само неколку милиметри Унгарија избегна целосно исклучување на единствената нуклеарна централа „Пакс“. Ниското ниво на Дунав ја доведе електраната до критична точка, откако водата падна толку многу што беше загрозено нејзиното нормално ладење. Во текот на ноќта последната активна турбина била на работ да биде запрена, но падот на нивото на реката запрел, а до утрото водата се зголемила за 1,5 сантиметар.

Премиерот Петер Маѓар изјави дека во еден момент земјата била „на неколку милиметри“ од првото целосно исклучување на нуклеарката по 44 години. Централата сега работи со значително намален капацитет, а властите воведуваат мерки за заштеда на електрична енергија за да се одржи стабилноста на системот.

Неколку компании воведоа значајни промени во начинот на кој работат, со цел да се намали потрошувачката на енергија во шпицот, рече министерот.

Трговскиот синџир „Лидл“ го промени времето за печење колачи и ги исклучи фрижидерите за пијалоци, иако се очекуваат температури близу 40 степени Целзиусови. Полначите за електрични возила на паркинзите може да се користат само до 17 часот, објави HVG.

Во Романија, владата го прослави зголемувањето на нивото на водата во Дунав за два сантиметри, откако вчера изведе спектакуларна контролирана експлозија, наменета за пренасочување на текот на реката, со цел да се „олади“ нуклеарната централа Чернавода.

Директорот на електраната изјави за локалните медиуми дека ова треба да помогне електраната да продолжи да работи во следните неколку дена, но дека за денеска се планирани повеќе интервенции, со цел да се потонат старите баржи и дополнително да се пренасочи текот на водата.

Во некои делови од Романија денеска се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk