Џеј Ди Венс во мисија за ПРИМИРЈЕ СО ИРАН

Vecer | 21.04.2026

Џеј Ди Венс во мисија за ПРИМИРЈЕ СО ИРАН
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се очекува до вторник наутро да пристигне во Исламабад, каде што треба да учествува во преговорите со Иран за постигнување договор за крај на војната, пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на три американски извори.

Посетата на Венс на Пакистан доаѓа во критичен момент, токму пред истекот на сегашното примирје. Додека дипломатите се подготвуваат за средба, претседателот на САД, Доналд Трамп, упати сериозна закана: тој најави дека ќе започне нова кампања на бомбардирање врз иранските мостови и електрани доколку во Исламабад не биде постигнат конечен договор.

Според изворите, Белата куќа во текот на вчерашниот ден чекала потврда од Техеран дека Иран ќе испрати свој преговарачки тим на закажаната локација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk