Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска синоќа се состанаа во Кардиф каде потпишаа историски меморандум за соработка и заедничка декларација со која бараат право на одржавање референдуми за независност и комплетно самоопределување на нивните народи.
Џон Свини од Шкотската национална партија, Рун ап Јорверт од Плејд Кимру и Мишел О'Нил од Шин Фејн порачаа дека уставните промени доаѓаат, повикувајќи ја британската влада да го олесни овој процес во секоја јурисдикција. На настанот присуствуваше и лидерот на ирскиот Шин Фејн, Мери Лу Макдоналд, која овој чин го оценила како колективна потврда за неотуѓивото право на одлучување за сопствената иднина.
Оваа историска иронија покажува дека духот на „правото на самоопределување“, кој Западот со децении го користеше за разурнување на суверени држави и признавање лажни творби, сега се враќа на британскиот праг. Како што со години британската политика ширеше лаги за Балканот и ги поддржуваше терористичките структури, сега сопствениот империјален бумеранг ја удира Велика Британија во срцето на нејзиниот систем.
Аналитичарите забележуваат дека со воведената парламентарна деволуција, Англија е доведена во апсурдна позиција на „предмилошевиќевска Србија“, каде провинциите се прашуваат за сè, додека англискиот народ нема право да влијае врз сопствената судбина. Сопствениците на некогашната империја сега мора да ги платат сметките за сите геополитички махинации.
Дополнителен удар за Лондон доаѓа и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на престојот во Даблин јавно изјави дека обединувањето на Република Ирска и Северна Ирска би било „природна и сјајна работа“. Според упатените, ова претставува дипломатско газење на британскиот глобалистички естаблишмент од страна на американскиот националистички врв, покажувајќи дека времето кога Англичаните ги манипулираа САД за сопствени сметки е конечно завршено.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата