logo
logo
logo

Земјотресот во Јапонија остави илјадници луѓе без домови и вода, ЕКСТРЕМНИТЕ ГОРЕШТИНИ СЕ НОВА ЗАКАНА

Vecer | 18.08.2026

Земјотресот во Јапонија остави илјадници луѓе без домови и вода, ЕКСТРЕМНИТЕ ГОРЕШТИНИ СЕ НОВА ЗАКАНА

Повеќе од 3.000 луѓе сè уште се во засолништа за евакуација три недели откако земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јапонската префектура Кумамото, а некои жители живеат во автомобили или оштетени домови, објави денес NHK.

Земјотресот од 28 јули достигна највисоко ниво од седум степени според сеизмичката скала во Јапонија.

Според податоците заклучно со понеделник во 14 часот, загинаа 39 лица, вклучувајќи ги и смртните случаи за кои се верува дека се поврзани со земјотресот.

Оштетени се вкупно 31.951 куќа, од кои 1.449 се целосно уништени, додека 70 одредени евакуациони центри и понатаму обезбедуваат сместување за 3.053 лица.

Префектуралните власти побараа од општините да пријават податоци за тие жители со цел да им биде пружена помош.

Без проточна вода се околу 7.380 домаќинства во најтешко погодените градови Уки и Јацуширо и градот Хикава, а се очекува снабдувањето да биде обновено до крајот на август.

Властите преземаат мерки за да спречат нови смртни случаи поради големите горештини, бидејќи температурата во текот на многу денови преминува 30 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk