Светот во моментов се наоѓа во „мрачен час“ од историјата, изјави денеска папата Лав XIV, за време на мисата за мир во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Папата истакна дека „во светот кој е растргнат помеѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведок“, пренесува „Анса“.
„Во овој мрачен час од историјата, на Бога Му беше угодно да нè повика да го шириме Христовиот мирис таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го обновиме нашето 'да' за оваа мисија, која повикува на единство и носи мир“, порача папата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата