САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи

Vecer | 17.11.2026

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико.

Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот.

Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година.

Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година.

Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk