ГЛОБАЛЕН СОФТВЕРСКИ ШОК - Десет часа „Мајкрософт“ блокиран

Vecer | 13.11.2026

ГЛОБАЛЕН СОФТВЕРСКИ ШОК - Десет часа „Мајкрософт“ блокиран
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Клучните услуги на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа во прекин околу десет часа, предизвикувајќи сериозни нарушувања во работењето на голем број компании и државни институции ширум светот. Најпогодени беа функциите од пакетот „Мајкрософт 365“ кои зависат од платформата „Ексчејнџ онлајн“, а платформата „Даундетектор“ регистрираше над 130 илјади пријави за проблеми само во САД за време на најголемиот пик. Покрај американскиот пазар, прекините се проширија и во азиско-тихоокеанскиот регион, погодувајќи корисници во Индија, Австралија и Јапонија, при што последици почувствуваа и дури и технолошките компании „ОпенАИ“ и „Антропик“ поради проблеми со поврзувањето.

Последиците од падот на системот директно се одразија и врз критични државни институции, меѓу кои Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, како и австралиската разузнавачка служба и федералната полиција. Австралискиот министер за внатрешни работи и кибер-безбедност, Тони Берк, соопшти дека според првичните проценки на „Мајкрософт“ не станува збор за хакерски напад, туку за технички дефект при ажурирање на софтверот, сличен на големиот инцидент со компанијата „Краудстрајк“ од 2024 година. Од „Мајкрософт“ потврдија дека повеќе сервери неочекувано станале недостапни и дека санацијата на дефектите се одвива побавно од очекуваното, поради што сообраќајот постепено се пренасочува кон алтернативни сервери за целосно нормализирање на услугите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk