Масовен напад со дронови ја потресе Рустија во текот на ноќта. Спроед медиумските извештаи, украинските беспилотни летала погодиле повеќе цели, меѓу кои логистички центри на Wildberries - најголемиот руски интернер - трговец, како две нафтени рафинерии во Волгоградската област и Краснодарскиот крај.
Руските власти потврдија дека Волгоград бил цел на напад и соопштија дека пет лица се повредени. Засега не откриваат кои објекти биле погодени, додека од украинска страна нема официјална потврда или коментар за нападите.
Според неофицијалните информации, по ударите избунувале и пожари во дел од погодените објекти, а властите презеле мерки за справување со последиците.
Истиот извор тврди дека цел на нападот била и рафинеријата „Лукоил-Волгограднефтепереработка“ во Волгоград. Станува збор за една од најголемите руски нафтени рафинерии, која произведува бензин, дизел, авионско гориво и други нафтени деривати.
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, соопшти дека пет лица се повредени во, како што наведе, масовниот ноќен напад врз регионот. Тој додаде дека избувнале пожари во индустриски објект и во складишен комплекс во градот, но не прецизираше за кои објекти станува збор, ниту ги коментираше тврдењата за нападите врз складиштето на „Вајлдберис“ и рафинеријата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата