logo
logo
logo

Вклучен црвен аларм: Натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство може да биде одложен!

Vecer | 10.07.2026

Вклучен црвен аларм: Натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство може да биде одложен!

Третото четвртфинале на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка, кое е закажано за в сабота на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, е доведено во прашање поради исклучително неповолни временски услови.

Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување за подрачјето на Јужна Флорида, каде што се очекуваат екстремно високи температури, додека метеоролозите предупредуваат на можност за силни грмотевици.

Според извештаите, температурата би можела да достигне и до 43 степени што претставува сериозен ризик за играчите, навивачите и сите присутни на стадионот. Ситуацијата е дополнително комплицирана од големиот облак од сахарска прашина што стигна до Флорида преку Атлантскиот Океан, носејќи многу сув и топол воздух.

Иако поголемиот дел од прашината е на поголеми надморски височини, експертите предупредуваат дека таа може да предизвика проблеми кај луѓето кои страдаат од алергии и респираторни заболувања.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk