Ван Дајк заминува од Ливерпул, дали ќе ја напушти и Европа?

Vecer | 18.11.2026

Ван Дајк заминува од Ливерпул, дали ќе ја напушти и Европа?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/

Легендарниот холандски дефанзивец Вирџил ван Дајк би можел да го напушти Ливерпул на крајот од актуелната сезона.

Капитенот на „црвените“ и раководството на клубот сè уште немаат постигнато договор за нова соработка, па сè поизвесно е дека искусниот фудбалер следното лето би можел да побара нова средина.

Актуелниот договор на 35-годишниот Холанѓанец со англискиот гигант истекува во летото 2027 година. Сепак, бидејќи засега нема конкретни информации за евентуално продолжување на соработката, сè почесто се шпекулира за негово заминување.

И покрај тоа што веќе е во позните играчки години, интересот за Ван Дајк е голем. Наводно, италијанскиот Милан е еден од главните кандидати за негов ангажман.

Угледниот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан внимателно ја следи ситуацијата околу иднината на холандскиот дефанзивец и дека во наредните недели би можел да стапи во контакт со неговите агенти.

Сепак, „росонерите“ не се единствените кои би сакале да го видат Ван Дајк во своите редови. Интерес покажуваат и неколку турски гиганти, меѓу кои Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.

Во игра се и клубови од Саудиска Арабија, кои во моментов имаат финансиска моќ да му понудат на Холанѓанецот значително повисока плата.

Така, иднината на капитенот на Ливерпул останува неизвесна. Дали кариерата ќе ја продолжи во некој од европските гиганти или ќе ја прифати финансиски богатата понуда од Саудиска Арабија, би можело да се дознае уште во наредните недели.

Ван Дајк пристигна во Ливерпул на почетокот на 2018 година од Саутемптон. Досега во дресот на „црвените“ има одиграно вкупно 389 натпревари, постигнато 36 голови и забележано 16 асистенции. Во актуелната сезона настапил на десет првенствени натпревари.

За репрезентацијата на Холандија има 100 настапи и 14 постигнати голови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk