Голема пресметка во аргентинскиот фудбал: Меси против фудбалската федерација

Vecer | 18.11.2026

Голема пресметка во аргентинскиот фудбал: Меси против фудбалската федерација
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN

Во последните неколку месеци Фудбалскиот сојуз на Аргентина е потресен од финансиски скандали, кои би можеле целосно да го оддалечат Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, од тамошната фудбалска куќа.

Имено, Лионел Меси наводно решил да повлече потег кој би можел да предизвика сериозни потреси во аргентинскиот фудбал. Еден од најдобрите фудбалери во историјата наводно ги прекинал односите со тамошниот фудбалски сојуз и ангажирал правни експерти за да ги заштити своето име и лик од комерцијална употреба.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, односите меѓу Меси и раководството на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА), на чие чело е Клаудио Тапија, дошле до точка на кулминација, а можностите за смирување на ситуацијата се минимални.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња наводно сака да му забрани на Сојузот неговото име и репутација да се поврзуваат со финансиските афери кои во последните месеци го потресуваат аргентинскиот фудбал. Поради тоа, не сака неговото име, фотографии и видеоснимки да се користат во комерцијални цели без негова согласност.

Аргентинските медиуми пишуваат дека една од причините за заладувањето на односите е и комерцијалната кампања за време на последното Светско првенство.

Тогаш првиот човек на аргентинскиот фудбал, Тапија, му дозволил на еден аргентински спонзор на Сојузот да го користи ликот на Меси во голема рекламна кампања, иако фудбалерот имал ексклузивен договор со конкурентски американски бренд. Поради тоа, неговиот тим морал да ја објаснува ситуацијата пред меѓународните деловни партнери.

Но, тоа не е сè. Дополнителни проблеми се појавиле и за време на прошталниот натпревар на Меси за репрезентацијата, против Бенин, на стадионот „Монументал“. Организацијата на настанот наишла на бројни критики поради проблеми со озвучувањето, осветлувањето и придружната програма.

Особено внимание привлече обидот на Сојузот одговорноста за организациските пропусти да ја префрли на Ривер Плата, чие раководство веднаш ги демантираше таквите тврдења.

Иако ниту Меси ниту Тапија досега јавно не го коментирале целиот случај, јасно е дека односите меѓу поранешните сојузници се сериозно нарушени. Според аргентинските медиуми, правните чекори веќе се подготвени, но постојат различни информации за тоа дали официјалното предупредување до Сојузот веќе е испратено или сè уште се чека неговото доставување.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk