Селекторот на Англија, Томас Тухел, влезе во жестока расправија со Џордан Пикфорд за време на првиот натпревар на Англија на Светското првенство против Хрватска кој заврши со 4-2. Англија поведе во Далас откако беше реализиран пеналот на Хари Кејн, а инцидент што не го забележаа телевизиските камери се случи кратко потоа.
А медиумите тврдат дека селекторот на Англија му извикал на својот голман: „Прави како што ти кажувам!“ Пикфорд му возвратил на Тухел, кој се чини дека го критикувал за тоа што не ги следел инструкциите при градење напад од задната линија и ја играл топката во погрешна насока, според англиските медиуми.
Англија, еден од фаворитите за светската титула, и Хрватска се во групата Л заедно со Гана и Панама.
За потсетување, Англија ја победи Хрватска со головите на двократниот стрелец Хари Кејн и головите на Џуд Белингам и Маркус Рашфорд. Стрелци за Хрватска беа Мартин Батурина и Петар Муса.