Дешниот мега дуел од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Баерн Минхен и Арсенал ќе мине без суперстарот на „Баварците“ Џохуа Кимих. Причината за неговото одуство е семејната трагедија која што му се случи на фудбалерот. Ненадејно почина неговиот татко.
Бертхолд Кимих починал на 57. годишна возраст, и тоа е секако шок како за семејството и најблиските, така и за пошироката јавност.
Баерн Минхен како клуб секако веднаш излезе со своја објава полна со поддршка за својот играч.
„Во моменти како овие, фудбалот и резултатот паѓаат во втор план. Најважно е Кимих да најде мир и сила, покрај своите најблиски, по една вака тешка загуба.
Тешките животни околности честопати покажуваат колку се важни поддршката и разбирањето – дури и надвор од фудбалскиот терен. Професионалните обврски можат да почекаат кога едно семејство минува низ толку болен период.
Пред него се денови во кои, без сомнение, ќе му бидат потребни приватност и простор за тагување. Останува само надежта дека семејството Кимих ќе ја пронајде потребната сила во овие тешки времиња.
Веста за смртта на Бертолд Кимих ги засени спортските настани што се одвиваа вечерва во Минхен, потсетувајќи нè дека постојат моменти што се поважни дури и од најголемите натпревари.
Отсуството на германскиот репрезентативец ќе наиде на разбирање кај сите во клубот – како и кај ривалите – бидејќи, во вакви околности, семејството е единствениот приоритет“ – се вели во објавата на Баерн Минхен.