Според последните информации, вербалниот договор за личните услови меѓу каталонскиот клуб и дефанзивецот на Борусија Дортмунд е многу блиску до реализација.
Шлотербек е привлечен од проектот на Барселона, а особено го радува можноста повторно да соработува со Ханси Флик. Германскиот стратег би можел да има важна улога во неговата одлука кариерата да ја продолжи во Шпанија.
Иако првичниот план бил трансферот да се реализира следното лето, сега не се исклучува можноста Барселона да се обиде да го доведе германскиот стопер уште во јануарскиот преоден рок.
Сепак, за такво сценарио постои важен услов. Сè ќе зависи од заминувањата што Барселона ќе успее да ги реализира во јануари, бидејќи дури потоа би се отворил простор за ангажман на нов фудбалер.
Неговиот евентуален трансфер би значел многу за одбраната на каталонскиот гигант, особено во поглед на искуството и стабилноста во последната линија.
Барселона има добра сезона на двата фронта, но Флик сака неговиот тим да изгледа уште подобро, а пред сè да биде постабилен во одбраната. Германскиот тренер планира дополнително да го засили составот во јануари со цел тимот да ја дочека завршницата на сезоната во уште подобро издание.