Атлетико има проблем: Лукман во „аут“ до крајот на годинава!

Vecer | 18.11.2026

Атлетико има проблем: Лукман во „аут“ до крајот на годинава!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:facebook.com/AtleticodeMadrid/

Атлетико Мадрид се соочува со сериозен кадровски проблем, откако медицинските прегледи во Шпанија потврдија дека Адемола Лукман заработил тешко истегнување на лигаментите на левото колено.

Нигерискиот репрезентативец се повреди на 13 ноември, на натпреварот против Танзанија во квалификациите за Африканскиот куп на нации, кој Нигерија го доби со 3:1. Лукман беше принуден да го напушти теренот кон крајот на првото полувреме, но пред тоа асистираше за еден од головите.

Првичната проценка на лекарскиот тим на нигериската репрезентација беше дека станува збор за полесна повреда, но дополнителните испитувања во Мадрид покажаа многу посериозна состојба.

Атлетико не соопшти точен рок за враќање на фудбалерот, кој веќе започнал со физиотерапија и рехабилитација. Според проценките, закрепнувањето може да трае најмалку шест недели, па постои реална опасност Лукман да не настапи до крајот на 2026 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk