Најновата вест од Милано денеска е новиот договор на стандардниот стопер на екипата на Милан, србинот Страхиња Павловиќ.
Тој откако пристигна во овој клуб во 2024 година стана незаменлив и одамна е далеку повеќе вреден од оние 18 милиони колку што Милан ги плати за него кога пристигнуваше од Ред Бул Салзбург.
Сега, откако Павловиќ и дефинитивно прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во Европа време е за нов договор.
Тој се обврзува на верност до 2031 година со Милан, а ќе заработува близу 3.5 милиони евра по сезона.
Досега одигра 63 мечеви и постивна седум гола за Милан.