logo
logo
logo

Стигна потврда – Мартинез мора на операција

Vecer | 18.10.2026

Стигна потврда – Мартинез мора на операција

Емилијано Мартинез доживеа тежок судир на натпреварот меѓу Евертон и Челси, по што беше изнесен од теренот, но по сè што се случи, е во свесна состојба.

Како што пренесе аргентинскиот новинар Гастон Едул, резултатите од скенерот на главата, како и прегледите на грбот и вратот, биле уредни.

Сепак, утврдена е повреда на коската на вилицата, поради што аргентинскиот голман е задржан во болница и ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција. Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените.

Овие информации носат олеснување по непријатните сцени од второто полувреме. Мартинез при слободен удар за Евертон се судри со Брантвајт, при што доби удар во главата и остана да лежи на тревникот.

Додека дефанзивецот на домашниот тим успеа да стане по околу три минути, на голманот на Челси му беше укажувана помош значително подолго. Прекинот траеше околу десет минути, а Мартинез беше изнесен на носилки, со заштитна крагна околу вратот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk