Шпанија во очекување на казната на Овоно!

Vecer | 11.11.2026

Шпанија во очекување на казната на Овоно!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:facebook.com/LALIGA/

Шпанскиот фудбал се соочува со одлука каква што никогаш не е забележана во историјата! Во наредните часови, дисциплинските власти ќе ја објават драконската казна за голманот Хесус Овоно, чиј катастрофален потег доведе до трагичната смрт на 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, Хесус де Мигел.
Невидена трагедија на теренот ја обви спортската јавност во црно, а сè укажува дека професионалната кариера и спортскиот пат на 25-годишниот голман на Андора и репрезентативец на Екваторијална Гвинеја дефинитивно е завршен. Одлуката за санкцијата требаше да биде објавена порано, но таа беше пролонгирана поради специфичните околности што го следеа овој случај, додека цела Шпанија со грутка во грлото чека официјално објаснување на пресудата. Според информациите што доаѓаат од Пиринеите, најблагата можна мерка што му се заканува на Овоно е суспензија од најмалку 15 натпревари.
Дисциплинската комисија разгледува драстичен потег што би поставил преседан во модерниот фудбал – трајно одземање на професионална лиценца за играње. Иако оваа најстрога мерка досега беше строго резервирана за сериозни кривични дела како што се местење натпревари и нелегално обложување, фаталниот исход и ужасните последици од дуелот би можеле да ги принудат челниците на натпреварувањето засекогаш да ги затворат вратите на шпанските терени за младиот голман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk