Самед Абу Фархи стана една од главните приказни на Израел на натпреварот против Австрија од Лигата на нации, но за жал поради неговиот скандалозен потег. Австрија славеше на овој натпревар со резултат од 3:1.
Израел успеа да израмни на 1:1 во 55-тата минута, а Абу Фархи беше стрелец.
Напаѓачот најдобро реагираше по одбиената топка во шеснаесетникот и ја испрати топката со глава во мрежата. За време на прославата, Абу Фархи извади корнер знаменце и направи движење кое изгледаше како симулација на пукање со пушка.
Судијата Георги Кабаков му покажа втор жолт картон за ова, а израелскиот напаѓач мораше да го напушти теренот само неколку моменти по постигнувањето на голот.
Израелските медиуми веднаш почнаа да пишуваат за неговиот потег. Sport5 објави статија со наслов „Исклучувањето на Самед Абу Фархи меѓу најглупавите досега“, заедно со реакции за необичната прослава на голот.
„Глупости од судијата“, „Ние сме горда нација, типот имитираше билијард“, „Сите нè мразат, затоа доби црвен картон, не можат да нè поднесат“, „Глупости“, се само дел од коментарите за прославата на голот.