Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Vecer | 13.08.2026

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“.

На него ќе учевствуваат, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, а истиот е закажан од втори до седми фебруари следната година.

Овој турнир последните години се одржуваше во Саудиска Арабија, но годинава таму се одржува Азискиот куп, па мораше Суперкупот на Шпанија да биде преместен. Со додадена информација дека дури осум локации аплицирале за настанот, но избран бил Истанбул каде што се играше финалето во ЛШ во 2005 и 2023 година.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk