Астон Вила официјално ја продолжи соработката со шведскиот дефанзивец Виктор Линделoф. Клубот од Бирмингем ја активираше клаузулата за продолжување на договорот за дополнителна една година, па 32-годишниот стопер ќе остане на „Вила Парк“ најмалку до летото 2028 година.
Линделoф пристигна во Астон Вила во летото 2025 година како слободен играч, по осумгодишниот престој во Манчестер Јунајтед, каде што одигра 284 натпревари.
Швеѓанецот брзо се наметна како важен член на тимот на Унаи Емери. Минатата сезона имаше значаен придонес во освојувањето на Лигата на Европа, вклучително и во финалната победа од 3:0 против Фрајбург во Истанбул.
Во актуелната сезона Линделеф е стандарден првотимец и настапува во Премиер-лигата и Лигата на шампионите. За Астон Вила досега има близу 50 настапи во сите натпреварувања.