Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција.
Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот што ќе се игра вечерва во 22:00 часот во Бостон.
Саибари постигна три гола во текот на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.
Одличните игри само му го олеснија трансферот во Баерн Минхен на средина од Светското првенство. Тој се повреди на осминафиналниот натпревар против Канада, а мароканскиот табор се надеваше дека ќе биде подготвен за дуелот со Франција.
Сепак, селекторот Мохамед Уаби потврди дека неговиот најдобар стрелец нема да може да им помогне на своите соиграчи.
„Саибари нема да игра денес. Се надевам дека ќе биде подготвен за следниот натпревар“, рече Уаби.
Натпреварот помеѓу Франција и Мароко се игра вечерва во 22:00 часот во Бостон.