Сè уште сме во предсезона, но Жозе Мурињо веќе го губи трпението со одлуките на судиите. Португалскиот тренер беше особено иритиран од одлуката на судијата Адриан Кордеро Вего за време на пријателскиот натпревар помеѓу Депортиво и Реал Мадрид вчера.
Мурињо ги доведе во прашање критериумите на судијата за жолти картони во 62-та минута, откако Рудигер (26′) и Камавинга (48′) веќе беа добија жолт картон. Депортиво го заврши натпреварот без ниту еден жолт картон.
Стадионот Риазор беше сведок на првиот напнат момент помеѓу Мурињо и судиските тимови по неговото враќање во шпанскиот фудбал.