logo
logo
logo

Роналдо се соочува со суспензија и до шест месеци?

Vecer | 06.10.2026

Роналдо се соочува со суспензија и до шест месеци?

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Кристијано Роналдо се соочува со можност за суспензија од еден до шест месеци, откако предвреме го напушти кампот на португалската репрезентација. Според дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Португалија, играч кој неоправдано ќе го напушти репрезентативниот камп може да биде суспендиран до шест месеци, а предвидена е и парична казна.

Роналдо си замина откако селекторот Жорже Жезус потврди дека нема да биде стартер против Данска, а претходно остана на клупата во победата над Норвешка со 2:1.

Португалскиот капитен подоцна објасни дека меѓу него и Жезус постоел договор околу неговата минутажа, но дека договорот не бил испочитуван. Денеска Роналдо порача дека не се откажува од репрезентацијата и дека ја прифаќа секоја санкција за својата постапка.

Во меѓувреме, од португалската федерација и селекторот Жезус порачаа дека вратата за Роналдо во репрезентацијата останува отворена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk