Тибо Куртоа и Реал Мадрид постигнале договор за продолжување на соработката до 2028 година, објавува „Атлетик“. Според информациите, новиот договор на белгискиот голман ќе важи до 2028 година, додека неговиот актуелен договор со мадридскиот клуб истекува на крајот од оваа сезона.
Куртоа има 34 години и е дел од Реал Мадрид од 2018 година, кога пристигна од Челси. Во дресот на шпанскиот гигант освои 12 трофеи, меѓу кои три титули во шпанското првенство и две во Лигата на шампионите.
Раководството на Реал очигледно и понатаму има голема доверба во белгискиот чувар на мрежата, кој со своите одбрани одигра значајна улога во успесите на тимот во изминатите сезони.