Мајкл Керик е разочаран од начинот на кој Манчестер Јунајтед му ја соопштил одлуката за отказ, а според информациите на „Телеграф“, поранешниот тренер чувствува и одредена огорченост кон клупското раководство.
Керик денеска беше отпуштен по само десет месеци на функцијата, иако одлуката за промена на тренерот, според англиските медиуми, била донесена уште во понеделникот. Во меѓувреме, тој продолжил да ги води тренинзите во вторникот и средата, додека во јавноста веќе се шпекулираше за неговото заминување и преговорите со Маурисио Покетино.
Токму начинот на кој се одвивале работите најмногу го погодил Керик. Според „Телеграф“, во раководството на Јунајтед се свесни за неговото разочарување, особено поради тоа што информациите за отказот протекле во медиумите пред тој официјално да биде известен.