Косово дојде до голема победа на стартот на новата сезона во Лигата на нации. Во Б-дивизијата, Косово вечерва славеше со 1:0 против Република Ирска во Приштина.
Натпреварот на стадионот „Фадил Вокри“ долго време беше без голови, со малку сериозни шанси на двете страни. Домашните го зголемија притисокот во завршницата и успеаја да стигнат до победничкиот погодок.
Во 83. минута, капитенот и најопасниот напаѓач на Косово, Ведат Муриќи, со удар со глава ја затресе мрежата за 1:0. Погодокот беше проверен и потврден по интервенција на ВАР.
Ирците во преостанатите минути се обидоа да израмнат, но Косово ја зачува предноста и дојде до значајна победа пред полните трибини во Приштина.
Во вториот меч од овој сегмент, Австрија со 3:1 беше подобра од Израел.