Милан го носи Ендрик за 70 милиони евра, Реал има уште едно барање!

Vecer | 19.11.2026

Милан го носи Ендрик за 70 милиони евра, Реал има уште едно барање!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: FIFA World Cup X
Младиот бразилски офанзивец Ендрик уште во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид.

Иако пристигна во кралскиот клуб како еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, очигледно е дека сè уште не успеал да го покаже својот целосен потенцијал на „Сантијаго Бернабеу“.

Точно е дека во последниот период португалскиот стратег Жозе Мурињо му дава сè повеќе можности за настап, но се чини дека Бразилецот не е задоволен од својот статус.

Сè погласни се шпекулациите за негово заминување, а интерес за неговите услуги не недостасува. Италијанските медиуми објавуваат дека Милан е подготвен да тргне по младиот напаѓач уште во јануарскиот преоден рок. Наводно, контактите меѓу двата клуба веќе се воспоставени, а „росонерите“ се подготвени да издвојат сериозна сума за да го донесат на „Сан Сиро“.

Реал Мадрид за неговата слобода бара меѓу 60 и 70 милиони евра, а според достапните информации, понудата на Милан изнесува 60 милиони евра плус дополнителни 10 милиони преку бонуси.

Сепак, Флорентино Перез има посебно барање. Кралскиот клуб сака во договорот да биде вклучена откупна клаузула, со која би ја задржал можноста во иднина да го врати Бразилецот доколку се покаже дека неговото заминување во Италија било погрешен потег.

Сè поизвесно е дека Ендрик би можел да го напушти Мадрид, и покрај тоа што со Мурињо воспоставил добри односи. Младиот напаѓач едноставно сака поголема минутажа и смета дека останувањето во Реал може да го забави неговиот развој.

Да потсетиме, Ендрик во досегашниот дел од сезоната за Реал Мадрид одиграл вкупно седум натпревари, со учинок од еден гол и една асистенција.

Во вториот дел од минатата сезона Бразилецот настапуваше за Лион како позајмен фудбалер. На 21 натпревар постигна осум гола и забележа уште осум асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk