ПСЖ го отвора “Паркот на Принцовите“ за финалето со Арсенал!(ФОТО)

Vecer | 12.05.2026

ПСЖ го отвора “Паркот на Принцовите“ за финалето со Арсенал!(ФОТО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:x.com/PSG

Полека, но сигурно се загрева атмосферата во таборот на европскиот првак. Имено ПСЖ објави дека ќе го отвори својот стадион „Паркот на Принцовуте““ за сите навивачи кои сакаат да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Арсенал.

Натпреварот ќе се игра на 30 мај во унгарската престолнина Будимпешта, но само неколку илјади француски навивачи ќе имаат можност да го бодрат тимот во живо, а интересот е огромен, пишува весникот „Ле Паризиен“.

Dans la continuité de l’événement exceptionnel de la saison dernière, le Paris Saint-Germain organisera le samedi 30 mai prochain une retransmission de la finale de l’UEFA Champions League au Parc des Princes.

Lieu emblématique du Club et théâtre des plus grandes émotions… pic.twitter.com/fTkWncllPR

— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 12, 2026

„Продолжувајќи ја традицијата од минатата година, ПСЖ ќе организира пренос во живо од финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Паркот на Принцовите“ на 30 мај. Овој извонреден настан влезе во историјата во 2025 година со својата незаборавна атмосфера, а единството меѓу клубот и навивачите се зајакна и со врвна музичка и уметничка програма“, напиша клубот.

Билетите за натпреварот на парискиот стадион наскоро ќе бидат пуштени во продажба, а повеќе детали ќе објави францускиот шампион во четврток.
Минатата година, стадионот „Паркот на Принцовите“ беше исполнет со 48.000 гледачи, кои го гледаа ПСЖ како го победи Интер со 5-0 на џиновски видео екрани и ја освои првата титула во Лигата на шампионите во историјата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk