Да се знае кој е кој. Секоја чест за Вини и Рафиња, ама се знае кој е најголемата ѕвезда во земјата на фудбалот. Имено сите во Бразил чекаат вести дека Нејмар се опоравил и е подготвен да игра на Светското првенство и се чини дека нема да биде долго.
„Фудбалерот Нејмар овој понеделник направи магнетна резонанца. Прегледот покажа добар напредок во неговото закрепнување, во согласност со очекуваните параметри. Тој ќе го продолжи процесот на рехабилитација и физичка подготовка според планот на медицинскиот тим на бразилската репрезентација“, објави Бразилската фудбалска асоцијација.
На прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар против Египет, Карло Анчелоти рече дека очекува Нејмар да биде на теренот оваа недела, но се чини дека нема да биде на теренот против Мароко во сабота на Светското првенство.
Нејмар се повреди на натпреварот помеѓу Сантос и Коритиба. Сантос објави дека станува збор за оток на листот, но по пристигнувањето во репрезентацијата, докторот Родриго Ласмар потврди дека станува збор за повреда од втор степен, проценувајќи дека закрепнувањето ќе трае помеѓу две и три недели. Поради таа повреда, Нејмар ги пропушти сите пријателски натпревари.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата