logo
logo
logo

Полувреме: Силна Англија, “триколорите“ се бламираат! (ВИДЕО)

Vecer | 18.07.2026

Полувреме: Силна Англија, “триколорите“ се бламираат! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Франција – Англија 0:4 е резултатот од првото полувреме во мечот за третото место на СП, кој се игра во Мајами. Рајс со прекрасен гол уште во 3.минута му донесе водство на својот тим.

Следуваше асистенција на Рајс во 18.минута за Конса за 0:2, за да во 37.минута Сака зголеми на 0:3, постигна уште еден во 45+2.минута.

Англија имаше уште два – три зицери. Франција се бламира, имено сите играат само Килијан Мбапе да постигнува голови, а тој имаше три големи шанси, но Хендерсон на голот на Англија беше одличен.

Ако вака Франција и во второто полувреме и се заканува невиден дебакл, невидена катастрофа, што секако дека не им личи ако се знае дека ова е последен натпревар како селектор на Дидие Дешамп.

И во двете репрезентации составите по малку се испомешани, ги нема Дембеле, Баркола, потоа Белингам, Кејн…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk