Маурицио Покетино го презема Манчестер Јунајтед во многу тежок период, а тројца фудбалери наводно не се дел од неговите планови за оваа сезона.
Станува збор за Лук Шо, Диого Далот и Хари Магваер. Покетино сака сите тројца да бидат продадени.
Информацијата предизвика внимание бидејќи Покетино сè уште немал можност да се запознае со тимот и да види како функционираат поединците на тренинзите. Сепак, јасно е дека го чека сериозна работа на Олд Трафорд. Аргентинецот официјално се согласи да дојде во Манчестер Јунајтед на 13 ноември, а ќе ги преземе своите должности на 18 ноември. Тој потпиша договор што треба да го задржи на Олд Трафорд до летото 2029 година. Покетино го наследи Мајкл Карик, кој беше отпуштен по многу лошиот почеток на сезоната. Јунајтед постигна само една победа во првите десет лигашки натпревари и падна на 18-то место на табелата во Премиер лигата.
Керик го презеде тимот во јануари оваа година, а по добрите резултати во претходниот период, доби можност да ја продолжи својата работа. Сепак, резултатите на почетокот на новата сезона не беа на очекуваното ниво и раководството одлучи да направи промена.
Покетино моментално ги завршува своите обврски на клупата на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. По натпреварите против Хаити во четвртфиналето од Лигата на нации на КОНКАКАФ, тој конечно ќе се посвети на својата нова работа во Англија.
Неговото пристигнување се очекува на 18 ноември, а тимот треба да се врати на тренинзите еден ден подоцна. Така, тој ќе има многу малку време да ги запознае играчите и да ги подготви за она што следи.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата