Американците не се шегуваат, контактиран е Гвардиола за нов нивен селектор

Vecer | 17.11.2026

Американците не се шегуваат, контактиран е Гвардиола за нов нивен селектор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: Манчестер Сити Х

Фудбалот во САД е во сериозна експанзија, доказ за тоа е и организацијата на последниот Мундијал кај нив. Америка сериозно инвестира во овој спорт, се отвораат илјадници академии, клубови ширум целиот континент.

Самата репрезентација одлично им котира, селекторот Покетино имаше добри игри и резултати, но тој сепак заминува за Манчестер како нов менаџер на Јунајтед.

Па така, откако аргентинецот ќе напушти, неговото место мора да биде пополнето.

ЕСПН ексклузивно објавува дека американците високо целат за оваа работа, па контактиран е ни помалку ни повеќе туку Пеп Гвардиола. Доскорешниот менаџер на Сити е можна замена за Покетино.

Доколку сепак, тоа не се случи каков втор кандидат е анонимниот за европски услови србин, Марко Митровиќ кој што во моментов е тренер на тимот на Њу Инлганд Револушн. Тој беше еден од помошниците на сегашниот селектор на Србија, Вељко Пауновиќ во она легендарно освојување на светската титула на У20 репрезентацијата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk