logo
logo
logo

По понудата вредна 220 милиони евра: Баерн на итен состанок одлучи дали ќе го продаде фантастичниот Мајкл Олисе!

Vecer | 11.07.2026

По понудата вредна 220 милиони евра: Баерн на итен состанок одлучи дали ќе го продаде фантастичниот Мајкл Олисе!

фото: DFL Deutsche Fußball Liga (X)

Откако Реал Мадрид испратил официјална понуда до Баерн Минхен вредна 220 милиони евра, а истата со бонуси би достигнувала и 250 милиони евра што би била рекордна во светот на фудбалот, “баварците“ веднаш одржале итен состанок.

Иако таква понуда е навистина тешко да се одбие, на крајот, Баерн одлучи дека Олисе не е на продажба ова лето и дека главната цел е тој да остане во тимот за да се обиде да ја освои Лигата на шампионите следната сезона. Баварците веќе му ја соопштија својата одлука на Перез, кој е разочаран што не може да го добие Олисе ова лето. Сепак, разговорите завршија позитивно, бидејќи Баерн му соопшти на Реал дека ќе имаат предност во преговорите кога ќе одлучат дека Олисе може да си оди.
Во Баерн не сакаат да останат без еден од најважните играчи и целта е да се зачува костурот на тимот ова лето. Очигледно, самиот Олисе сака да остане во Баерн без оглед на примамливата понуда од Реал, што им ги олеснува работите уште повеќе на челниците на баварскиот клуб.
Инаку Олисе има договор со Баерн кој важи уште три години.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk