Лудило на “Олд Трафорд“ со 8 погодоци: Јунајтед со голови во 90+2 и 90+6. минута се спаси од пораз!

Vecer | 08.11.2026

Лудило на “Олд Трафорд“ со 8 погодоци: Јунајтед со голови во 90+2 и 90+6. минута се спаси од пораз!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:facebook.com/manchesterunited

Уф, каков неверојатен меч на “Олд Трафорд“ вечерва во рамките на 10.коло во Премиерлигата. Манчестер Јунајтед – Астон Вила 4:4. Се играше 90+6.минута кога при резултат од 3:4, гостинскиот голман си даде автогол а со тоа Јунајтед израмни на 4:4 и тоа со гол на Доргу.

Стартот беше фантастичен за гостите кои уште во 4.минута имаа водство од 0:2 со головите на Алисон и Џексон. Сепак Јунајтед се врати во игра до крајот на првиот дел со головите на Фернандеш од пенал и Тилеманс.

Сепак во второто полувреме Вила повторно поведе со два гола со головите на МекГин од пенал и Горецка.

Но, тоа не беше крај за Јунајтед кој тргна со сите сили во напад и со головите на Зиркзе во 90+2 и Доргу во 90+6.минута се спаси од пораз.

Лудило на “Олд Трафорд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk