logo
logo
logo

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

Vecer | 05.09.2026

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X)

Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од 3. коло. Стрелец на единствениот гол беше Ерлинг Халанд, кој ја продолжи голгетерската серија и му донесе нови три бода на тимот на Енцо Мареска.

Брентфорд и Сандерленд одиграа 1:1. Домашните поведоа преку Витали Јанелт, кој во 57. минута ја затресе мрежата на гостите. Сепак, Сандерленд успеа да стигне до израмнување во финишот, откако Енцо Ле Фе реализираше пенал во 82. минута.

Во останатите попладневни дуели беа постигнати следните резултати:

  • Брајтон – Лидс 1:1
  • Фулам – Кристал Палас 2:3
  • Нотингем Форест – Тотенхем 0:0

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk