logo
logo
logo

Пирло е „руски човек“, и не може да биде селектор на Италија!?

Vecer | 26.07.2026

Пирло е „руски човек“, и не може да биде селектор на Италија!?

Легендарниот италијански фудбалер, а сега стратег, Андреа Пирло, кој што треба да биде следниот селектор на „Азурите“ одеднаш се соочува со проблем за кој што очигледно никој не сметаше дека воопшто ќе биде тема.

Имено, пред самата промоција за нов селектор на Италија, Кориере Дело Спорт објавува информација дека Пирло можеби и не е најпогодниот за оваа позиција. Зошто?
Затоа што веќе една година има спонзорски договор со голема руска компанија за обложување, за која  што е едно од заштитните лига и промотор.

Очигледно дека Пирло кој што во моментов е тренер на екипа во Дубаи, и тоа како добро наплатил од руската компанија, но со тоа се искомпромитирал.

Односите помеѓу Италија и Русија во моментов не се најдобри поради војната во Украина, а ова беше споменато и во политичките кругови.

 „Тој (Пирло) слободно и постојано ги става својот лик и дело во операција за нормализирање на режимот на Путин, учествувајќи во иницијативи што ги користеше пропагандата на Кремљ додека Украина беше бомбардирана. Неговиот избор е сериозна грешка “ – потпретседателката на Европскиот парламент, Пина Пичерно. 

И не само таа, уште неколку реномирани личности надвор од фудбалот во Италија јавно го искритикуваа Пирло на оваа тема.

Се додава дека Пирло и е тренер во Дубаи Јунајтед во моментов само поради конекциите на главниот човек на овој клуб, инаку русин, Сергеј Ломакин со дотичната компанија „FONBET“, затоа што застана на чело на тимот во јуни минатата година, а стана амбасадор на компамијата само два месеци подоцна.

Сето ова претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, не само што ќе мора да го објасни на јавноста туку и ќе мора да го оправда следниот негов чекор во врска со Андреа Пирло.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk